Српскиот претседател Александар Вучиќ ја одликуваше со орден од прв степен игуманијата на Пеќката патријаршија, сестра Харитина Пантиќ.
Таа е одликувана со Сретенски орден, кој се смета за еден од највисоките ордени што се доделува во соседна Србија.
Но, на самото одликување се случи мало недоразбирање помеѓу игуманијата и претседателот, бидејќи Вучиќ тргна да земе благослов од монахињата пред да ѝ го врачи орденот, веројатно не знаејќи дека од женско монаштво не се зема благослов.
Интересен беше потегот на игуманијата, која некако успеа да си ја повлече раката.