Белата куќа е загрижена дека Русија е во процес на развој на вселенско оружје на нуклеарен погон, објавија американските медиуми во саботата.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, Кремљ се обидува да развие нуклеарно вселенско оружје што би можело да уништи сателити „со создавање масивен енергетски бран кога ќе се детонира“.
Споменатото оружје потенцијално ќе ги уништи средствата за глобална комуникација, вклучително и интернетот и мрежите за мобилни телефони, цитира Си-Ен-Ен извори запознаени со американските разузнавачки служби.
Белата куќа во средата за прв пат објави дека Русија развива антисателитски способности.
Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби изјави за новинарите дека загриженоста „се поврзана со антисателитската способност што Русија ја развива“.
Кирби рече дека нема непосредна закана за ничија безбедност.
„Не зборуваме за оружје што може да се користи за напад врз човечки суштества или за физичко уништување овде на Земјата“, додаде тој.
Тој рече дека САД внимателно „ја следат оваа руска активност и ќе продолжиме да ја сфаќаме многу сериозно“.