Шеесетгодишниот актер Бред Пит и 34-годишната дизајнерка на накит Инес де Рамон се во врска безмалку две години, но се одлучија на упте еден чекор, да живеат заедно, па Инес се вселила во домот на актерот, пренесува People.
– Тие се многу среќни, а таа е посреќна од кога било – рекол извор близок до двојката от и додал дека Инес сепак го зачувала својот стан.
Многу обожаватели веруваат дека ова е голем чекор за Бред, бидејќи врската со Инес е првата вистинска врска на актерот по разводот од актерката Анџелина Џоли.
На почетокот својата љубов ја држеа подалеку од очите на јавноста, а во последно време се почесто се гледаат како излегуваат заедно. И додека едни им честитаат на новиот чекор, други веруваат дека само заедничкиот живот ќе ја открие вистинската природа на нивната врска.
Бред Пит има три биолошки деца со актерката Анџелина Џоли – ќерката Шајло и близнаците Нокс и Вивиен, а таа претходно ги посвои Пакс, Медокс и Захара, кои Бред ги прифати како свои.