Два дена пред смртта Алексеј Навални и напишал емотивна порака на својата сопруга. Рускиот опозициски политичар отслужуваше затворска казна на северот на Русија. Тој со колегите и со пријателите комуницираше повремено преку социјалните мрежи. Неговите последни две објави на Твитер се од 14 февруари.
Првата порака Навални и ја посвети на својата сопруга.
„Душо, кај тебе сè е како во песна: меѓу нас се градови, аеродромски писти, сини снежни бури и илјадници километри. Но, чувствувам дека си блиску секоја секунда, а јас те сакам сè повеќе и повеќе“ – пишува Навални во пораката во која е објавена и негова фотографија со сопругата.
Во втората објава од истиот ден, Навални објави дека добил уште една казнена мерка.
„Колонијата Јамал реши да го собори владимирскиот рекорд во дробење и угодување на московските власти. Само што ми дадоа 15 дена во казнената ќелија. Односно ова е 4-та казнена ќелија за неполни 2 месеци колку што сум кај нив“ – напишал Навални.