Секој напад на Косово е напад врз Албанија, посочи албанскиот премиер Еди Рама, нагласувајќи дека Тирана ќе застане во одбрана на Приштина ако дојде до употреба на оружје.
Рама порача дека Албанија ќе ги брани привремените институции на Приштина во случај да бидат исцрпени сите дипломатски опции. Тој додаде дека се моли да не дојде до таква ситуација.
Рама посочи дека Албанија е членка на НАТО и дека има посебен однос со Косово.