За прв пат во историјата, недвосмисленото мнозинство српски граѓани се против влезот во Европската унија, покажува истражувањето на агенцијата Ипсос. Причина за тоа се притисоците што Србија ги трпи од ЕУ, а се однесуваат на воведувањето санкции против Русија, пишува Блиц.
Според истражувањето на споменатата агенција, дури 44 отсто од граѓаните се против евроинтеграциите, додека 35 отсто се за, а останатите 21 отсто не знаат или не сакаат да се изјаснат. По правило, поддршката за пристапување во ЕУ паѓаше во кризни ситуации – кога се зголемија притисоците врз Косово или кога беше прогласена пандемија на коронарен вирус. Сепак, никогаш немало пад на поддршката како во последните недели.