More

    Закажан голем меѓупалестински состанок во врска со Газа

    spot_img

    Меѓупалестински состанок треба да се одржи во Москва од 29 февруари до први или 2 март, а поканети се претставници на милитантните групи од Појасот Газа – Хамас и Исламски џихад, изјави специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Блискиот Исток и Африка и заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов.

    – Ги поканивме сите палестински претставници – сите политички сили кои имаат свои позиции во различни земји, вклучително и Сирија и Либан и другите земји во регионот – изјави Богданов за ТАСС.

    Тој додаде дека составот е приближно ист како и на претходните две меѓупалестински средби, односно поканети се 12 до 14 организации.

    Според Богданов, целта на Москва е да им помогне на различните палестински сили да се договорат за обединување на нивните сили во политичка смисла.

    – Поаѓаме од фактот дека Палестинската ослободителна организација беше и останува легитимен претставник на палестинскиот народ, тоа беше прифатено и од меѓународната заедница и од нас – додаде Богданов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img