Според Скај, Луис Хамилтон и Серена Вилијамс сакаат да бидат сопственици на Челзи. Двајцата ќе се приклучат на конзорциумот предводен од Сер Мартин Бротон.
Роман Абрамович веќе некое време се обидува да го продаде Челзи поради строгите санкции што ги воведе британската влада. Како купувачи се споменуваат различни имиња, а меѓу нив сега се Луис Хамилтон и Серена Вилијамс.
Возачот на Формула 1 и повеќекратниот победник на тениските Грен слемови ќе доделат по десет милиони фунти на конзорциумот предводен од Мартин Бротон. Покрај тој конзорциум, во трката за купување на Челзи останаа уште двајца.
Инаку, и Хамилтон и Вилијамс веќе имаат развиено бизниси во кои инвестирале пари во претходните години. Луис ги поддржа компаниите како апликацијата Zapp. Станува збор за апликација која служи за доставување храна и намирници. Серена има фонд кој инвестира во нова компанија која развива спортска технологија.
Инвестицијата на Хамилтон во Челзи е многу изненадувачка бидејќи е познат како навивач на Арсенал.