More

    Од четири неопределени, барем двајца ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, прогнозира Мицкоски

    spot_img

    Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во „Клик плус“ на ТВ21 ги кажа прогнозите за престојните парламентарни избори.

    – Секој кој учествувал на ваков тип споени избори, парламентарни и претседателски, тогаш знае колкав е предизвикот, и каков е тој процес и еден од друг причинско последично е поврзан. Очекувам добар, одличен резултат во првиот круг, кој би создал еден бран и потоа во вториот круг не би изненадил ако му донесе на ВМРО-ДПМНЕ број на пратеници кои ќе бидат мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ меѓу 53-54 пратеници, СДСМ меѓу 26-28, меѓу 10-12 делат политичката партија Левица и ЗНАМ, и останатите плус минус два пратеника кои ќе ги освојат албанските политички субјекти – рече Мицкоски.

    Од четири неопределени гласачи, два би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, другите два би ги делеле другите опозициските партии

    – Нашите детални анализи велат од четири гласа кај неопределните, сигурно два би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, останатите два би ги делеле другите опозициски партии. Така што убеден сум дека од сите оние неопределени гласови, најмалку половината доколку одлучат да гласаат, а ние ќе сториме се да ги убедиме, ќе одат кај ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што мора да знаат граѓаните дека седењето дома, и негласањето е во суштина гласање, само во тој случај гласате за Груби, Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ и останатите. Затоа мора да имаме масовна мобилизација и луѓето ќе излезат да гласаат на изборите – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img