More

    Путин: Секое семејство мора да има барем по две деца

    spot_img

    Руските семејства мора да имаат најмалку две деца за да се обезбеди етничкиот опстанок на нацијата и три или повеќе за нацијата да се развива и да просперира, рече претседателот Владимир Путин.

    Русија претрпе тешки загуби откако ја започна војната против Украина пред две години, а стотици илјади луѓе ја напуштија земјата поради противење на конфликтот или поради страв од мобилизација.

    Путин им рече на вработените во фабриката за тенкови во регионот на Урал дека две деца по семејство е минималниот број доколку Русите сакаат да го задржат својот идентитет.

    – Ако сакаме да преживееме како етничка група – поточно како етнички групи што ја населуваат Русија – мора да има барем по две деца. Ако секое семејство има само по едно дете, населението ќе се намали. А ако сакаме да се шириме и да се развиваме, мора да има најмалку три деца – истакна рускиот претседател.

    Путин се прогласи за поддржувач на „традиционалните вредности“ засновани на семејството, нацијата и верата на православната црква. Во текот на неговото 24-годишно владеење, земјата сериозно го ограничи изразувањето на сексуалната ориентација и родов идентитет и го забрани ЛГБТ движењето, означувајќи го како „екстремистичко“.

    Русија се соочува со постапно опаѓање на бројот на жители во последните две децении.

    Државниот завод за статистика процени дека на почетокот на 2023 година имало 146,4 милиони Руси, што е пад во однос на близу 149 милиони жители колку што броеше пред 20 години, но повеќе од 143 милиони, бројот на Русите помеѓу 2007 и 2012 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img