More

    Крвав напад се случи на крајот од победничката парада на Канзас Сити Чифс на овогодинешниот Супер Боул

    spot_img

    Крвав напад се случи на крајот од победничката парада на Канзас Сити Чифс на овогодинешниот Супер Боул. Во пукањето на железничката станица во центарот на Канзас Сити загина едно лице, а 21 беше повредено. Пукањето се случило во момент кога имало илјадници присутни да ја гледаат парадата која привршувала.

    По пукањето настанало стампедо од паника. На видео кое го објавила американската ТВ станица „KTLA“ се гледа како во стампедото неколку навивачи се фрлаат врз еден од осомничените напаѓачи и го држат додека не дојде полицијата.

    Полицијата соопштила дека уапсила тројца осомничени во врска со пукањето.

    Шефот на полицијата во Канзас Сити Стејси Грејвс рече дека полицајците веднаш реагирале и брзо отвориле истрага. Пожарникарите влегле во акција и им пружиле помош на повредените.

    Повеќе од 800 полицајци веќе беа на местото на настанот за да ја следат парадата, соопштија официјални лица.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img