На 14.02.2024 на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од Единицата за недозвoлена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје. Имено, по преземени мерки и активности и обезбедени докази, било дојдено до сознание дека лицето врши продажба на дрога, а вчера, при преглед во возилото кое го управувал, бил пронајден и одземен хероин. Во врска со настанот, а со цел обезбедување дополнителни докази, врз основа на судска наредба биле извршени претреси на три локации во Скопје. При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници. По преземени мерки било констатирано дека се работи за лицето А.Ј.(26) од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и лишена од слобода. По целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави по чл. 215 и 383 од КЗ.
На 14.02.2024 во 23.00 часот на подрачјетo на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(41) и В.С.(46), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2024 во 23.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (14.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 151 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, 47 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Во текот на вчерашниот ден (14.02.2024) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 188 пешаци од кои, 163 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 98 други видови на сообраќајни прекршоци.
На 14.02.2024 во 12.26 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(54) од Кочани, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.С.(58) од Виница. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатничката од возилото „сеат“ Н.П.(24) од Скопје и Г.А.(52) од Кочани, сопатник од возилото „фолксваген голф“. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобиле Д.Д., Л.С., сопатникот од возилото „фолксваген голф“ Б.А.(51) од Кочани и две сопатнички од возилото „цитроен“ М.С.(63) и Ц.С.(84), двете од Виница, а со телесни повреди се здобиле М.А. и уште една сопатничка од возилото „цитроен“ М.С.(50) од Виница, констатирани во Клиничката болница Штип, Општата болница Кочани и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.
На 14.02.2024 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кружен тек на ул.„Скупи“ со бул.„8 Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(36) од с.Ржаничино, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Скопје, кој го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2024 околу 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник кај с.Стајковци, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(22) од с.Марино, општина Илинден, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.02.2024 во 10.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, во близина на надвозник на експресен пат Штип – Кочани, товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од Штип, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 14.02.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, З.И.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Божин Николов-Силни“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 14.02.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, К.Л.(38) од Скопје пријавила дека на ул. „Дервиш Хима“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 14.02.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Гази Баба, В.К.(25) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.