Последниот потег на Пендаровски ја сруши идејата за консензуален кандидат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако шефот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише указот за Законот за игри на среќа и за забавните игри, автоматски пропадна идејата за ДУИ и СДСМ да имаат заеднички кандидат за претседател. Партијата на Али Ахмети сега дефинитивно ќе оди со свој кандидат за претседател на државата, и тоа најверојатно ќе биде министерот за надворешни работи Бујар Османи, објави Слободен печат, повикувајќи се на високи партиски извори.

ДУИ му сврте грб на владиниот партнер СДСМ за претседателските избори откако шефот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише указот за Законот за игри на среќа и за забавните игри. Со ова пропаѓа идејата за консензуален кандидат за шеф на државата, објави весникот.

Според функционерот од ДУИ, Пендаровски сам си ја затворил вратата за поддршка од „интегративците“ за претседателската кандидатура со непотпишувањето на указот за Законот. ДУИ не може да помине преку одлуката на Пендаровски, а со тоа СДСМ не може да се надева на консензуална поддршка од владиниот партнер.

Share This Article