Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, истакна Мицевски

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со повлекувањето на еден од кандидатите за член на Државната изборна комисија (ДИК), отворени се можностите Комисијата за прашања на изборите и именувањата да го избере седмиот член на ДИК, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој присуствуваше на отварање на реновираното подрачно училиште ООУ „Страшо Пинџур“ во село Таринци во Општина Карбинци.

Со ова, како што вели пратеникот, се надминува проблемот со испразнетото место во Државната изборна комисија, а кое треба да го пополни член на албанската опозиција.

– Тоа што е добро и што сакам да го спомнам денеска е дека информациите коишто ги имаме дека проблемот што постоеше во Комисијата за избор и именување, односно со неповлекувањето на двата члена за пополнување на едното испразнето место за албанската опозиција, еден од кандидатите ги повлекол документите. Така што, отворени се можностите на Комисија да донесе одлука и да испратиме до пленарна седница, значи материјал врз основа на којшто еден од кандидатите, мислам дека се викаше Абдуш Демири ќе биде кандидат за пополнување на местото во Државна изборна комисија – вели Мицевски.

Тој посочи дека изборот на член на ДИК се прави со двотретинско мнозинство, и како што рече, очекува во рокот којшто го имаат да го изберат новиот член на ДИК и да се пополни седмото испразнето место во оваа институција надлежна за организирање и спроведување на изборите.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ истакна дека очекува попладне околу 17 часот, претседателот на Собранието Јован Митрески да ги распише изборите и да почнат да течат роковите.

Прашан дали во неговата партија веќе се знаат кандидатите за пратеници и носителите на листите за пратеници во изборните единици, Мицевски одговори дека во тек се внатрепартиските консултации и анкети со граѓаните.

– Дадени се имињата од секој Општински комитет, потенцијални кандидати за носители на листи и за пратеници. Очекувам дека структурите, односно органите на партијата по завршување на сите тие испитувања на јавното мислење ќе излезат со предлог до Централниот и Извршниот комитет – изјави Мицевски.

Share This Article