More

    Уште експлозии во Иран, властите во саботажа и терористички напад

    spot_img

    Во Иран се случија неколку експлозии на гасоводи во јужниот и централниот дел на земјата, јавија денеска иранските медиуми. Според првичните сознанија, надлежните проценуваат дека се работи за саботажа.

    Експлозии на гасоводи се слушнаа во две провинции, Фарс и Кахармахал и Бахтијари. По експлозиите избувна пожар, но тој веќе е под контрола во двете провинции.

    Шефот на Центарот за националната гасоводна мрежа, Саид Агли, во интервју за државната телевизија ги нарече настаните терористички напад. Експлозиите одекнале околу 1 часот по полноќ.

    Министерот за нафта Џавад Ожи свика итен состанок со безбедносните служби истата вечер.

    Повеќе детали за позадината и причината за експлозиите првично не беа достапни. Исламската Република постојано беше цел на саботажа. Во декември хакери го нападнаа националниот систем за плаќање на бензинските пумпи. Иранската нуклеарна програма, исто така, беше цел на саботажа во минатото.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img