КОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08),  Градоначалникот на Општина Охрид објавува

КОНКУРС
за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви

Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување како и на вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2024 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:

    • Монтер на опрема за греење и ладење;
    • Ракувачи на парни котли;
    • Фризери;
    • Маникир;
    • Дактилографија на компјутер;
    • Цвеќарство и градинарство;
    • Автомеханичари;

 

  • Услови за доделување бесплатен курс

Предност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.

За да се реализира одреден курс треба да се пријават најмалку 15 учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност.

Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”.

 

  • Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да достават и :

- Advertisement -
Ad image
  1. Изјава за лични податоци;
  2. Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.

Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование.

 

  • Рок на пријавување

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви”  или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.

- Advertisement -
Ad image

Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

 

ПРИЈАВААНКЕТЕН ЛИСТ

ИЗЈАВААНКЕТЕН ЛИСТ

ИЗЈАВА ЗА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИАНКЕТЕН ЛИСТ

 

 

Share This Article