More

    Хаосот со личните документи е негова вина

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за поранешниот министер за надворешни работи Оливер Спасовски и барање за обесштетување на граѓаните поради непотребните финансиски трошоци за издавање на личните исправи кои несовесно биле издавани, најави денеска на прес конференција Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Поради неодговорноста и измеќарскиот однос на СДСМ, граѓаните се доведени во ситуација да бидат во притвор во сопствената држава. Имено, изминатите години, надлежните институции, пред се МВР предводено од Спасовски, свесно работеле против интересите на државата и граѓаните, за сега да има целосен крах во издавањето на патни исправи поради што граѓаните не можат да ги остварат своите основни слободи и права – рече Јанушев.

    Според него, ова е директно нарушување на човековите и граѓанските права на секој поединец во Македонија, затоа што некој ја злоупотребил својата должност и несовесно работел во службата.

    – Оливер Спасовски е директно одговорен за ова, бидејќи со години наназад набавувал обрасци за лични и патни исправи и истите ги издавал, иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност.

    Со тоа, Спасовски не само што го оштетил државниот буџет, туку ги оштетил и граѓаните кои денес се соочуваат со ограничување на движењето и материјална штета. За ова ВМРО-ДПМНЕ во име на сите граѓани ќе побара кривична одговорност од Оливер Спасовски, затоа што граѓаните кои извадиле пасош во период од 2018 година па до денес, а на кои државата не им издала соодветна патна исправа, се директно оштетени и доведени во омаловажувачка позиција да не можат да ги уживаат своите права – рече Јанушев.

    Воедно, најави Јанушев, во име на сите граѓани ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и тужба со барање за обештетување на граѓаните кои свесно, од страна на ова влада на ДУИ и СДСМ, биле изложени на непотребни финансиски трошоци.

    – СДСМ и Ковачевски треба да се засрамат и да им се извинат на граѓаните за овој хаос. Најмалку што може да направат е да ги прифатат измените на законите за лични документи и за безбедност во сообраќајот во итна постапка во Собранието, како прв чекор, за да ја ублажат катастрофата кои ја предизвикаа – рече пратеникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img