Бислимовски: ЕВН Хоум детално ќе ги провери сметките на граѓаните за кои се пристигнати жалби и тоа што граѓаните го платиле повеќе, ќе им биде земено предвид во следните сметки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЕВН Хоум детално ќе ги провери сметките на граѓаните за кои се пристигнати жалби и тоа што граѓаните го платиле повеќе, ќе им биде земено предвид во следните сметки – вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Дел од граѓаните се жалат дека изминатиот месец добиле повисоки сметки за струја од вообичаеноДо Регулатурната комисија веќе пристигнале повеќе од 30 жалби, а сè уште не се поделени сите сметки.
– Јасно е дека има зголемен број на домаќинства од вообичаеното каде што претпоставката за потрошена електрична енергија очигледно е превисока. Кај најголем дел од жалбите кои што се водат кај нас, ние ќе ги прифатиме. И тоа ќе ги прифатиме на следниот начин. Доколку периодот на отчитувањето е 90 дена, ќе се направи една конечна пресметка, каде што, бидејќи периодот на отчитување е 90 дена, а првиот блок го сведуваме на дневно ниво, иако е за еден месец тоа е 210 киловат часови, а ако е за 90 дена е 90 по 7, тоа се 630 киловат часови.
Значи ќе направи ЕВН Хоум конечна пресметка, таму каде што не е отчитано во изминатиот период редовно, точно за периодот помеѓу две отчитувања, и тоа што го платил граѓанинот предходно, ќе му биде земено предвид – вели Бислимовски.

Share This Article