Американскиот новинар Такер Карлсон за време на својот престој во Москва каде го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, наводно се сретнал и со поранешните американски разузнавачи Едвард Сноуден и со поранешната соработничка на Бајден, Тара Рид.
Рид, која е во азил во Русија, го обвинува актуелниот американски претседател Џо Бајден за малтретирање.
Информацијата ја објави порталот Семафор, кој неофицијално наведува дека Карлсон неколку часа разговарал со Сноуден, а интервјуто со Тара Рид го снимил.
Во јуни 2013 година, Сноуден предизвика голем меѓународен скандал пренесувајќи до Вашингтон пост и Гардијан серија доверливи материјали за програмите за надзор на САД и Велика Британија на Интернет. После тоа, тој одлетал во Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде на крајот добил азил и државјанство.
Тара Рид, која работеше како помошничка на Бајден додека тој беше сенатор, исто така бара руско државјанство и го обвинува својот поранешен шеф за сексуално вознемирување.
Главната цел на посетата на новинарот Такер Карлсон на Русија беше интервју со претседателот Владимир Путин кое беше објавено на неговиот канал на Твитер и огромен интерес и бурни реакции во светот.