На Аеродромот Скопје царинарниците заплениле 185.000 норвешки круни кај норвешки државјанин со потекло од Косово, соопшти денеска Царинската управа.
„Запленети се 185.000 норвешки круни, откако патник на излез од државата на Аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305.000 норвешки круни што царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер“, се наведува во соопштението.“
Согласно Законот за девизно работење на патникот вратени му се 120.000 норвешки круни, а останатите се запленети. Против него е поднесена соодветна пријава.