Сите петмина маринци загинаа во хеликоптер што се урна во планинската област околу Сан Диего, соопштија денеска американските воени власти, пренесува АП.
Хеликоптер со маринци исчезна на 6 февруари во доцните ноќни часови, при невреме, по што започна потрагата.
Воените власти соопштија дека хеликоптерот се урнал додека се враќал од вежба во близина на Лас Вегас во воздухопловната база Мирамар во Сан Диего.
Паднатиот хеликоптер е пронајден во планинска област недалеку од Сан Диего.