More

    Овие денови имаме речиси пролетни температурите, па поради тоа е очекувано на ваквите временски услови да реагираат метеопатите и хроничните пациенти

    spot_img

    Овие денови имаме речиси пролетни температурите, па поради тоа е очекувано на ваквите временски услови да реагираат метеопатите и хроничните пациенти.

    Секој знае дека временските промени, особено ненадејните, претставуваат сериозен предизвик за нашиот имунолошки систем, но и за нашето целокупно здравје.

    Доколку пред три или четири дена забележавте некои проблеми со себе, експертите објаснуваат дека причината за тоа е веројатно тоа што припаѓате на една од овие категории.

    Промената на температурите е неповолна за хроничните пациенти и за метеопатите, бидејќи постојаното зголемување на температурата само ги влошува хроничните заболувања.

    Нашите тела се навикнати да функционираат на одредена температура, а доколку дојде до ненадејна промена на таа температура се јавуваат разни проблеми додека телото се обидува да се адаптира на новонастанатата ситуација.

    Колку и да ни се допаѓаат сонцето и високите температури во овој период од годината, одредени групи луѓе се навистина неповолно погодени од ваквите промени. Во оваа група спаѓаат хронични пациенти, пациенти со дијабетес, хипертензија, ревматски заболувања, болни од рак, како и кардиоваскуларни пациенти.

    – Како и секоја година во овој период имаме ниски утрински температури од минус 2 и во текот на денот до 18 степени. Се смени климата. Потребно е топло облекување за сите пациенти. Додека оние кои се хроничари мора да внимаваат и кога е многу ладно и влажно времето и да не излегуваат – вели за Плусинфо д-р Лилија Чолакова Дервишова.

    Како што вели таа, болните од астма ги полнат амбулантите, бидејќи имаат задушување.

    – Сите кои имаат ХОББ и астма редовно да си ја користат својата терапија. Температурните разлики на овие лица им предизвикуваат сериозни проблеми при дишењето – додава докторката.

    Кај хроничните пациенти механизмите за адаптација се нарушени и затоа тие најтешко поднесуваат нагли промени на температурата. Колку се поголеми и понагли промените, толку е поголема можноста за несакани настани.

    – Сите кои се пушачи, топло им препорачувам да се откажат од таа лоша навика. Штетно влијае на повеќе системи, доволно има и загаден воздух. Ајде сите заедно да се потрудиме да живееме поздраво, секоја слободна минута да се поминува подалеку од населени и загадени места во интерес на здравјето – препорачува д-р Чокалова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img