More

    Се урна зграда во Шпанија

    spot_img

    Надлежните служби извлекоа тела на три лица од делот на зградата што се урна вчера во шпанскиот град Бадалона.

    „Најдовме три тела во урнатините на зградата во Бадалона“, напиша денеска регионалната противпожарна служба на X.

    Дел од зградата се урна вчера околу 10 часот и 30 минути, по првичното уривање на поткровјето, што предизвика дополнително уривање на становите.
    Ксавиер Гарсија Албиол, градоначалник на Бадалона, крајбрежен град северно од Барселона, рече дека спасувачите пронашле тела на маж и две жени, од кои едната била самохрана мајка.

    – Мајката пристигнала од Источна Европа со две мали ќерки, кои сега останаа сами – рече градоначалникот.

    Тој додаде дека починале и жена на 50-годишна возраст и маж на возраст од триесет години, кој неодамна станал татко.

    Локалните медиуми јавија дека се работи за зграда со 20 стана која е изградена во 1959 година и неодамна поминала безбедносна инспекција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img