Иако познати по шокантната облека и однесување, сепак контроверзниот рапер Канје Вест и неговата сопруга, архитектката Бјанка Ценсори, успеаја повторно да ја скандализираат јавноста појавувајќи се во најбизарното издание досега.
Бјанка е „фатена“ облечена во проѕирна кабаница, а под неа е гола, но во ништо помалку ексцентрично издание не е ниту нејзиниот сопруг, раперот и продуцент Канје Вест, кој чекори покрај неа со црна маска која му го прекрива целото лице.
Музичарот неодмана се појавил на кошаркарскиот натпревар на неговиот осумгодишен син носејќи морничава маска како онаа што ја носеше ликот Џејсон Ворхис од филмскиот хорор серијал „Петок тринаесетти“ („Friday the 13th“).