More

    Протести на фармерите и во Шпанија, блокирани патишта низ земјата

    spot_img

    Шпанските земјоделци ги блокираа автопатите и приодите до пристаништата со трактори во средата, револтирани од зголемените трошоци за производство, бирократијата, правилата на ЕУ и поевтиниот увоз на храна од други земји.

    Автопатиштата се блокирани во провинциите Каталонија, Валенсија, Кастиља-Ла Манча, Андалузија, Арагон и Мурсија, соопшти државната сообраќајна служба.

    „Во целата Европска унија сите имаме исти проблеми, со некои нијанси“, рече Доначиано Дујо, потпретседател на здружението на земјоделци АСАЈА. Здружението пред неколку дена соопшти дека имаат намера да протестираат цел месец за да „укажат на неможноста да продолжат да се занимаваат“ со производство на храна.

    Во последните недели слични протести се одржаа во Франција, Белгија и Германија.

    Левичарската влада на Шпанија во вторникот објави дека ќе додели дополнителни 269 милиони евра помош за околу 140.000 земјоделци за да го намали влијанието на продолжената суша и повисоките цени на ѓубривата и горивата поради војната во Украина.

    Шпанија е еден од најголемите светски производители на портокали, лимони, маслиново масло, јагнешко месо и вино.

    Нејзините земјоделци тврдат дека правилата на Европската унија за пестициди и оставање на дел од земјиштето надвор од употреба, со цел да се заштити животната средина, ја уништува ценовната конкурентност во однос на земјите надвор од ЕУ. Шпанските фармери се жалат дека увезуваат поевтина храна од соседно Мароко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img