More

    Професорката Билјана Ванковска е кандидатот на Левица за претседател на државата

    spot_img

    Нема да бидам политичка манекенка или случаен минувач во политиката. Ова го порача професорката Билјана Ванковска, која денеска беше промовирана за кандидатка за претседателка на државата од редовите на политичката партија Левица.

    – Јас се чувствувам како дел од тимот, иако не сум член на партијата Левица. Да ви се претставувам посебно не знам дали е потребно, бидејќи многумина од вас се сеќаваат на времињата кога велеа дека кога ќе отвориш фрижидер ќе ја најдеш професорката Ванковска. Тоа беше така затоа што јас не молчев кога сите молчеа. Мојата основна функција е професорската и таа останува. Пред 10 години јас се обидов како независен кандидат се обидов да влезам во оваа постапка, без никаква организациска и финансиска поддршка, и тоа беше за мене едно многу позитивно време. Ако се прашувате зошто по една деценија повторно излегувам на истиот терен, ќе ви кажам дека оттогаш многу нешта се променија и овојпат нема да бидам политичка манекенка или случаен минувач во политиката. Овојпат сум навистина со многу поголема самодоверба дека сега постои еден тим, веруваеле или не, дел од овој тим беше дел од мојот тим пред 10 години. Во меѓувреме, оваа генерација на млади и борбени политичари направи политичка партија за респект. Ќе ги извадиме ракавиците, помина времето на политичката коректност. За 10 години, Македонија е сѐ што немаме. За 10 години, Македонија е во многу лоша ситуација – порача Ванковска.

    Со моето знаење од областа на политичкиот систем на Македонија, меѓународната безбедност, демократската контрола на безбедносните структури, мислам дека ќе ми помогне да го најдам сопствениот компас, порача професорката.

    – Ако сега не докажам дека сум левичар во пракса, тогаш немам право и во своите колумни да се декларирам како левичар. Јас сум еден од ретките јавни интелектуалци кој никогаш не криел дека има леви погледи на светот, дури и пред да постои политичката партија Левица – рече Ванковска.

    Прес-конференцијата се одржа во Клубот на новинари, а претходно свое обраќање имаше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој ја претстави професорката Ванковска за кандидат за претседател на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img