Легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ е голема ѕвезда и надвор од фудбалските терени. Тој и годинава беше специјален гостин на реномираниот музички фестивал на италијанската музика „Сан Ремо“. Но Ибро не би бил Ибро ако не направи шоу. На изненадување на публиката Ибрахимовиќ излезе на сцената на „Сан Ремо“ додека оркетарот го придружуваше со звуците од хитот на Лепа Брена „Луда за тобом“.
Ибрахимовиќ и пред три години беше гостин на фестивалот, и тогаш и сега се качи на сцената со неговата омилена музика од Балканот.
Поранешниот капитен на Шведска чии родители потекнуваат од Босна, е единствениот фудбалер на светот чија музичка желба се почитува на Сан Ремо.
Пред три години Ибра на сцената на „Сан Ремо“ ја однесе песната од Нада Топчагиќ „Јутро је“, а сега повторно на култниот фестивал на италијанската канцона, во негова чест одекнаа балкански звуци, овој пат хитот на Лепа Брена.