More

    Пилот од Втората светска војна полета со „Спитфајер“

    spot_img

    На 102-годишна возраст, поранешниот пилот на британското Кралско воздухопловство Џек Хемингс првпат полета со историскиот авион „Спитфајер“ од Втората светска војна.

    Хемингс бил ескадрилен предводник на британските сили за време на војната, а колку што се знае, тој е најстариот пилот кој управувал со тој модел на авион. Пилотот Бери Хјуз, кој бил со Хемингс за време на вчерашниот лет, рекол дека неговиот поискусен колега има природна дарба.

    – Не му требаа никакви инструкции, тој само го презеде леталото, направи неколку вртења и основни маневри и си ја заврши работата. Мислам дека навистина уживаше во секој миг на летот – изјави Хјуз.
    Воениот ветеран никогаш претходно не управувал со „Спитфајер“, но летал со други авиони. Тој истакнал дека е „апсолутно волшебно“ да се биде зад воланот, иако летот бил непредвидлив.

    – Искрено, сѐ беше малку „’рѓосано“, што не изненадува бидејќи и јас сум „рѓосан“ – се пошегува Хемингс.

    Неговиот 20-минутен лет во јужна Англија имал за цел да собере пари за добротворното друштво што го основал пред 80 години.

    Од Втората светска војна, хуманитарната „Мисија на здружената авијација – МАФ“ со авиони носи помош, лекови и други намирници во земјите каде што е потребна. Хемингс и на својот 100-ти роденден изведувал аеро-акробации со што собрал над 40.000 фунти за својата добротворна организација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img