More

    Османи држи лекции за процедурата

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања, не кажа дали е пристигнато барање за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација. Тој само накусо ја објасни процедурата за именување и разрешување министри.

    Според Османи, доколку има барање на кој било од коалициските партнери, тоа се адресира до премиерот.

    – не именува и разрешува, туку Собранието. Доколку има барање на кој било од коалициските партнери, тоа се адресира до премиерот и потоа премиерот носи одлука дали тоа ќе го пренесе до Собранието и Собранието на крај носи одлука за одредени кадровски решенија во Владата. Нашите министри се именуваат и разрешуваат во Собрание. Ако има нешто такво, се информира премиерот и тој е тој што треба да го информира Собранието за таквите одлуки ако има такво барање од некоја партија која е коалициски партнер – истакна Османи.

    На прашањето, пак, дали ќе биде кандидат за претседател на државата, тој одговори дека тоа се партиски одлуки.

    – Тоа се партиски одлуки, не сме разговарале за ова – нагласи министерот.

    Кадровската комисија на Алијансата за Албанците попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img