Кралот Чарлс, кому му беше дијагностициран рак, е многу позитивен за понатамошното лекување и се надева дека ќе им се врати на своите должности што е можно поскоро.
Семејството и пријателите велат дека се воодушевени од неговата решеност да продолжи со своите должности, како што тоа обично го прави. Во овој момент се чини дека болеста е дијагностицирана во рана фаза, кралот Чарлс и лекарите се многу позитивни во прогнозата за неговото лекување, пишува Дејли Мејл.
Во последните месеци, Чарлс често одеше во замокот Виндзор и поминуваше многу време со принцот Вилијам, пишува Сан, додавајќи дека таткото и синот се сѐ поблиски.
Бакингемската палата вчера објави дека лекарите откриле неодреден облик на рак за време на лекувањето на бенигната состојба на простатата.
Според британски Гардијан, кралот лично ги известил своите синови, принцовите Вилијам и Хари, како и сестрата Ана и браќата Едвард и Ендру, дека му е дијагностицирана тешката болест. Принцот Хари, кога дознал за болеста, најавил дека дојде од Калифорнија да го види својот татко.
Не е познато каде ќе престојува војводата од Сасекс кога ќе ја посети Велика Британија бидејќи на Хари му треба претходна дозвола од Бакингемската палата за да остане на кралскиот имот. Британските медиуми потсетуваат дека летово морал да ги врати клучевите од колибата Фрогмор кога Хари и неговата сопруга Меган Маркл го напуштиле имотот. Неговото барање да остане во замокот Виндзор беше одбиено од палатата кога последен пат ја посети Велика Британија во септември, а Хари на крајот остана во хотел.
Ова ќе биде прв пат тие да поминат значително време заедно по повеќе од 18 месеци. Кралските набљудувачи сега се прашуваат дали тоа би можело да навести „затоплување“ во односите.
Кралот Чарлс пристигна во Лондон од својот имот во Сандрингам во раните утрински часови. Сопругата Камила е постојано со него, а наводно од минатата недела знаат за болеста на кралот, но кралот побарал тој прво да оди во црква и да се поздрави со луѓето, пред Бекингемската палата официјално да објави дека е болен.
Камила решила да биде покрај својот сопруг, иако тој инсистирал да продолжи со работните обврски. Другите членови на кралското семејство сега ќе преземат дел од неговите обврски, особено принцот Вилијам, кој наскоро ќе се врати на јавниот живот, иако неговата сопруга Кејт исто така има сериозни здравствени проблеми.
И покрај тоа што ги откажува сите свои јавни ангажмани, Чарлс инсистира да продолжи со своите „црвени кутии“ осносно со документацијат, па дури може да организираат, иако помалку, приватни тет-а-тет состаноци.
Видот на ракот од кој боледува кралот Чарлс не е откриен, но според соопштението на палатата, кралот почнал со „редовни терапии“ во понеделникот. Британските медиуми пишуваат дека кралот е среќен што ракот бил откриен во рана фаза.
Бакингемската палата соопшти дека кралот „останува целосно позитивен во однос на неговиот третман и со нетрпение очекува да се врати на целосно на своите јавни должност што е можно поскоро“.