More

    Сѐ уште гори шума и трева на Шар Планина и на Жеден

    spot_img

    Активни се пожарите на Шар Планина и на Жеден каде што горат нискостеблеста шума, трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Според информациите на ЦУК пожарот на Жеден е со намелен интензитет и тој се следи бидејќи е можно текот на денот постои да се разгори. Вчера, поради непристапен терен скопската противпожарна бригада не можеше да интервенира.

    Во текот на вчерашниот ден екипи на ТППЕ Тетово и ренџери од Национален парк „Шар Планина“ учествуваа во гаснењето на пожарот над селото Вешала, а денеска екипа од националниот парк ќе информира каква е со состојбата со овој пожар.

    ЦУК информира дека во последното деноноќие се регистрирани 17 пожари на отворено. Горела нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери.

    Оттаму аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img