Младата поп икона Мајли Сајрус од завчера е главна тема на светските медиуми. Пејачката Мајли Сајрус во неделата ја освои првата награда Греми во кариерата, во категоријата за најдобра песна – „Flowers“.
Мајли се појави на доделувањето на Греми и покажа дека добро ја одработила својата „домашна задача“.
Поп ѕвездата се погрижи да блесне на ваков важен настан, а нејзината креација ја потпишува брендот Мејсон Марџела.
Што се крие зад оваа креација, пејачката откри вчера преку објава на својот профил на Инстаграм.
– За овој фустан беа потребни 675 часа рачна работа, 14.000 златни безопасни и е украсен со специјално избрани француски, антички мониста – нагласи Мајли Сајрус, која дефинитивно е меѓу дамите кои беа најдобро стилизирани на гала манифестацијата.