Дали Бајден го навредил Нетанјаху?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
U.S. President Joe Biden listens to a question from a reporter after speaking at an event about the economy, at the White House in Washington, U.S., October 23, 2023. REUTERS/Leah Millis
- Advertisement -
Ad image

Бриселски „Политико“ објави текст во кој се наведува дека американскиот претседател Џо Бајден во една неформална прилика го нарекол премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху „ебено лошо момче“. „Политико“ тврди дека се повикува на извори кои наводно разговарале со американскиот претседател.

Набрзо, портпаролот на американскиот претседател Ендрју Бејтс ги негираше овие наводи и рече дека „претседателот не го кажал тоа, ниту дека би го рекол тоа“.
Веста заедно со демантот на Белата куќа го објави и израелскиот медиум „Тајмс оф Израел“.

Односите меѓу двете земји во последно време се нестабилни, американскиот претседател сé уште го поддржува решението за Израел и Палестина, што подразбира формирање на две држави. Тој предлог беше отфрлен од израелскиот премиер Нетанјаху.

Share This Article