Генералниот секретар на Алијанса на Албанците и министер за правда Кренар Лога го осуди денеска нападот врза директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу, како и денешниот инцидент кога пред куќата на партискиот лидер Арбен Таравари беше пронајден наиспукан куршум од „калашников“.
„Можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се оддалечиме еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самоконтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, тоа да го направиме како цивилизирани и семејни луѓе“ – пишува Лога на својот профил на Фејсбук.
Инцидентите во Алијанса за Албанците следуваат по конфликтот меѓу поранешниот лидер и актуелен претседател на Централното собрание Зијадин Села и актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари за тоа дали партијата да оди самостојно на претстојните парламентарни избори или да стапи во предизборна коалиција со опозициските партии на Албанците. Таравари се залага заеднички настап, а Села се повикува на одлуката на Централното собрание на партијата според која таа треба самостојно да настапи на изборите.