More

    Се појавија првите фотографии по 13 месеци затвор: Почна судењето на Дани Алвеш!

    spot_img

    Дани Алвеш сигурно не е првиот фудбалер кој завршил зад решетки, но ретко кој имал таква јавна историја да има проблеми со законот.

    Ноќта помеѓу 30 и 31 декември 2022 година, 23-годишна жена се пожалила дека бразилскиот репрезентативец сексуално ја злоставувал. Кога сигналот бил повлечен, полицајката ненамерно го вклучила рекордерот, открива „Ел Периодико“. Всушност, тоа ќе биде и првото снимено сведоштво на несреќната девојка.

    Алвеш не е виден во јавноста цели 13 месеци, а денеска беа објавени неговите први фотографии по почетокот на судењето. Според шпанските медиуми, за наводниот сексуален напад му се заканува 12 години затвор.

    Судењето почна утрово во 10 часот во судницата во Барселона. Првите кругови со 28 сведоци ќе се одржат денеска и утре, а првите заклучоци ќе бидат донесени утре.

    На судењето се присутни дури 270 новинари, кои сето тоа го следат во живо од соседната соба, објавени се бројни фотографии од Бразилецот, прва по 13 месеци.

    Она што никако не му оди на поранешниот фудбалер на Барселона е тоа што редовно ја менуваше својата верзија за настанот. Најпрво негирал дека ја познава девојката, па дошол до заклучок дека има сексуална врска. ДНК тестовите го натераа целосно да признае.

    Пред судот во Барселона се собра и целото семејство на Алвеш. Бразилецот со комбе беше префрлен од затворот во кој се наоѓа од јануари.

    На суд денеска ќе сведочат жртвата, нејзин роднина, пријатели, портирот на ноќниот клуб и двајца келнери. Гласот на жртвата ќе биде искривен за да се спречи идентификација.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img