Маж (81) со неизлечив рак на кожа стана првиот човек кој добил експериментална доза од вакцина против рак развиена од компанијата Модерна.
– Учеството ми дава чувство дека придонесувам за нешто што може да им помогне на многу луѓе – рече пациентот.
Инјектираниот генетски РНК материјал ги имитира маркерите кои се наоѓаат на клетките на ракот и му помага на телото да се бори со нив. Овој систем работи на сличен начин како и борбата против пандемија.
„Лек за рак на кожата и белите дробови, а потоа и за поголеми тумори“
Д-р Дејвид Пинато и неговиот тим од „Imperial College NHS Trust“ во Лондон тестираат дали вакцината е доволно безбедна за тригодишно глобално тестирање. Пинато се надева дека ќе може прво да лекува рак на кожата и белите дробови, а потоа и други цврсти тумори како што се ракот на дебелото црево или дојката.
– Истражувањето е во рана фаза, но не приближува до терапии кои се потенцијално помалку токсични и попрецизни – изјави Пинато.
Д-р Кајл Холен од компанијата Модерна наведува дека истражувачите се возбудени поради раните резултати.
– Навистина сме возбудени поради раните резултати и се надеваме дека ова ќе воведе нова ера на лекување на ракот – изјави д-р Кајл Холен.
„Ова е револуционерно“
Професорот Питер Џонсон, директор на „NHS“ за рак, рече дека вакцините против рак може да бидат револуционерни.
– Очекуваме да видиме илјадници пациенти кои ќе учествуваат во испитувања од овој тип во следните неколку години – рече тој.
Испитувањето ќе трае три години и ќе регрутира пациенти ширум светот.