More

    Села свика Централно собрание на Алијанса на кое ќе се бара одговорност од Таравари

    spot_img

    Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го узурпирал седиштето на паријата во Тетово.

    Како што јавува Алсат, по јавната изјава на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, дека изборите треба да се спојат со албанската опозиција, Зијадин Села со помош на полицијата го узурпирал седиштето на партијата.

    Села на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово објави дека свикува седница на ова партиско тело за в сабота на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата, Арбен Таравари. Рече дека и покрај одлуката на партиските органи за АА да оди самостојно на парламентарните избори, Таравари решил да оди спротивно на ова по вчерашната објава на Фејсбук во која побара поддршка за АА да оди на избори заедно со опозициските партии на Албанците.

    – Последната комуникација беше вчера преку смс, му реков да свика состанок на раководството на партијата, за да донесеме одлука да одиме на партиско собрание во сабота. Една недела од денес, во сабота ќе се свика. Јавно ќе го свикам Собранието на Алијанса и точката на дневен ред ќе биде одговорност на претседателот на партијата. Алијанса беше главната бариера за запирање на основните елементи. И ова е најкритичниот момент што АА повторно ќе го спречи – рече Села.

    – Ние ја дадовме нашата крв, жртва и пот на луѓе на кои им верувавме, а денес констатирам дека се злоупотребени. Морам да бидам транспарентен пред Албанците и шефовите на ограноците давајќи им порака, сакам да повикам централното собрание што поскоро бидејќи се ближат изборите, но од друга страна не држат на информативен терен – рече Села.

    Претседателот на Собранието Зијадин Села, го обвини актуелниот шеф Арбен Таравари дека на последните средби со лидерите на другите политички партии, вклучително и лидерите на албанската опозиција, лидерот на ДУИ, СДСМ и ВМРО, во близина нема кој било друг член на АА зад него, ова според него остава простор за сомнеж.

    – Таравари ја шверцува партијата на оние кои докажаа дека сакаат само да ја уништат АА, на оние на кои им зедовме ножеви зад грб. Тие што не прекршија и не издадоа секако дека ќе го добијат презирот и ќе ви свртиме грб – рече Села, кој подвлече дека Таравари на последните средби со лидерите на ЕСП, но и со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Ковачевски и Мицкоски, и дека со себе на овие средби не повел ниту друг член на партијата додаде Села, заклучувајќи дека Алијанса ќе оди сама на претстојните парламентарни избори.

    Таравари добил поддршка од 80 од вкупно 133 члена на Собранието на АА

    Претходно денеска претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вчера јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.

    „Иницијативата на претседателот Таравари доби поддршка од мнозинството собранија на АА. За 24 часа доброволно се собрани 80 потписи на Собранието од вкупно 133 колку што брои Собранието. Поголемиот дел од Собранието на Алијансата за Албанците е јасно за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, зрелост и единство, за ДУИ конечно да биде испратена во опозициа. Промената доаѓа“, се наведува во објавата на Фејбсук на АА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img