Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по се изгледа го направи соборувањето на Хамас своја главна воена цел.
– Сакам да бидам јасен за нашата политика, суштинската цел е пред се елиминација на Хамас – рече Нетанјаху, пренесува Тајмс оф Израел.
Израелскиот премиер постави три услови за тоа да се случи: уништување на преостанатите баталјони на Хамас, завршување на операцијата за расчистување и неутрализирање на тунелната мрежа на Хамас, за што, како што вели, потребно е повеќе време.
Нетанјаху нагласува дека Израел нема да ја прекине војната додека не се исполнат сите цели – елиминирање на Хамас, враќање на сите заложници и обезбедување дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел.
Осврнувајќи се на потенцијалниот договор за заложниците, Нетанјаху вели дека „нема да се согласиме на никаков договор, по секоја цена“. Тој вели дека не се точни информациите во печатот за договорот за ослободување на голем број терористи.
Израелскиот премиер се заблагодари на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за поддршката, но и рече дека не му е потребна навигација во управувањето со земјата.