More

    Министерството за одбрана не знае на која сметка да уплати пари за членарина

    spot_img

    Министерството за одбрана го поздравува и поддржува синдикалното здружување кое има за цел остварување на интересите на работниците, но бара синдикалните организации кои ги застапуваат војниците да го расчистат проблемот околу имињата и жиро- сметките на кои треба да им се уплаќа членарина.

    Од Министерството во реакцијата на кажаното на прес конференцијата на Александар Насковски кој се претстави како претседател на Независниот синдикат на професионални војници тврдат велат дека во мај лани добиле информација од претседателот на Мултиетничкиот синдикат за образование дека Насковски е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација Независен синдикат на професионални војници. Во ноември Министерството за одбрана е информирано дека нов претседател на овој синдикат е Зоран Павловски.

    „Во меѓувреме со допис сме информирани дека Александар Насковски формира нов синдикат МЕС и во рамките на тој, нова подружница со исто име како и претходниот синдикат и  пријавува нова жиро сметка за истоимена синдикална организација како нов правен субјект. Ваквата недоречена ситуација создала несигурност и сомнежи кај службениците чија одговорност е исплаќањето кои се обратиле до двата синдиката со барање да го потврдат членството. По ова, претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, подружница на МЕСО, Зоран Павловски доставува список на членови и потврдува дека тие и понатаму се членови на тој синдикат, додека Александар Насковски сè уште нема доставено потврден список на членството“, се наведува во реалцијата.

    Во интерес на заштита на вработените, Министерството ќе исплати членарина на оној правен субјект на кој членовите со пристапници ќе се изјаснат дека припаѓаат.

    „Во пресрет на потпишувањето на новиот Колективен договор и во интерес на вработените во Министерството и Армијата, министерката Петровска повикува на обединување на петте синдикати, со што ќе се покаже дека интересите на вработените се пред сè. Министерката Петровска одржува редовен дијалог со сите регистрирани синдикати со кои се решаваат сите прашања и ниту едно прашање не било игнорирано, напротив на сите е одговорено , се додава во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img