More

    СКОПСКИОТ РЕГИОН СОЗДАВА РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД ДРЖАВНИОТ БДП

    spot_img

    Скопскиот регион со 44,9% имал најголемо учество во бруто-домашниот производ во 2022 година, а најниско учество од 4,8% има североисточниот регион, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Според овие податоци Пелагонскиот регион во БДП на државата учествува со 10%, Југозападниот со 8,8%, Југоисточниот со 8,7%, Источниот со 8%, Полошкиот со 7,5%, Вадарскиот со 7,3%, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4,8%.

    Скопскиот регион има и најголем бруто-домашен производ по жител, за 25,7% повисок од просекот на државата. Над државниот просек за 8% е само уште Југоисточниот регион.

    Сите други региони имаат бруто-домашен производ под државниот просек.

    Во 2022 година се реализирани 188.980.000 денари инвестиции во основни средства, што е за 11,5 % повеќе во однос на 2021 година. Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства во 2022 година и понатаму има Скопскиот регион со 51,2 %, додека најмало е учеството на Североисточниот
    регион со 3 %.

    Споредено со 2021 година, највисок пораст на инвестициите во основни средства е забележан во Вардарскиот регион за 76,2 %, потоа во Пелагонискиот регион за 45,8 %, Југозападниот регион за 35,9 % и во Скопскиот регион за 1,4 %.

     

    Домашниот бруто производ во 2022 година изнесувал 803.141.000.000 денари ( 13,038 милијарди евра). Во скопскиот регион тој изнесувал 360. 964.000.000 денари или 5,86 милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img