Речиси седум од десет Грци, односно 68% изразуваат поддршка за барањата на земјоделците во земјата, кои протестираат од минатата седмица, додека пак за 93% од анкетираните поскапувањата се главниот проблем

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Речиси седум од десет Грци, односно 68% изразуваат поддршка за барањата на земјоделците во земјата, кои протестираат од минатата седмица, додека пак за 93% од анкетираните поскапувањата се главниот проблем, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, за четворица од десет анкетирани (40%) поскапувањата, високите цени и нивната финансиската состојба се „најважниот проблем“, за 53% се „еден од најважните проблеми“, а само 3% одговориле дека „не е важен проблем“.

На прашањето дали знаат зошто протестираат грчките земјоделци и како ги оценуваат нивните активности, 34% одговориле „сигурно позитивно“ и исто толку „веројатно позитивно“.

Одлуката на Владата да набави воени авиони Ф-35 од САД и да добие бесплатен воен пакет, ја оценува позитивно 62% од анкетираните.

На политичката сцена, Нова демократија е прва со 30,5%, на второто место е ПАСОК со 12,5%, а трета е СИРИЗА со 11,5%.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, било спроведено од 28 до 30 јануари 2024 година со анкетирани 1.120 лица.

Share This Article