Пратеникот на СПД во германскиот Бундестаг Јосип Јуратовиќ ги коментираше критиките за Новиот ден на телевизиската мрежа N1 кои доаѓаат од Украина на сметка на Германија, дека оваа земја не прави доволно за да и помогне на Украина, која се најде во виорот на војната по руската инвазија во февруари.
„Германија е солидарна со сите земји кои ја поддржуваат Украина. Прими најмногу бегалци. Не го разбирам Зеленски, кој постојано ја врти истата приказна, дека нешто е добро, но му треба повеќе. Во оваа приказна се приклучија и други земји кои не направиле толку многу за Украина. Ова почнува да ги заморува и политиката и општеството во Германија“, вели Јуратовиќ.