Јелена Розга (46) може да се пофали со долга, успешна кариера, но и со младешки изглед. Многумина со години се изненадени од нејзиниот изглед, бидејќи изгледа како воопшто да не старее, а сега на социјалните мрежи се прошири шега за тоа.
„Јелена Розга, мистеријата на универзумот. Се колнам кога имав 12-13 години, таа беше 35-40 и беше топ. Сега имам речиси 40, а таа сè уште има 35-40 и е топ“, напиша еден корисник на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), а коментарот на Инстаграм го сподели и самата пејачка.
Розга неодамна проговори за исхраната, а здравиот начин на живот може да биде причина за нејзиниот младешки изглед.
– Мојата исхрана се состои од риба и задолжително маслиново масло произведено од моите родители. Јадам домашна храна зготвена од мајка ми со зеленчук од нашата градина. Не пијам алкохол и не сакам брза храна. Но, секако, понекогаш сакам да изедам пица, како и сите други – признала Розга, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени во регионот.
Објаснила дека добрата форма ја постигнува и со многу сон, а што се однесува до естетските зафати вели дека никогаш не била љубител на тоа.
ФОТО: Инстаграм