Српскиот актер потпиша жесток договор за хит серијата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Популарниот српски актер Милош Биковиќ ќе глуми во серијата „Белиот лотос“ со Патрик Шварценегер, синот на Арнолд Шварценегер.

Неодамна беше објавено дека најстариот син на Арнолд Шварценегер ќе се приклучи на актерската екипа на третата сезона на серијата на ХБО, наградена со Еми, во која глуми и популарниот српски актер.

„Покрај Мишел Монаган, Паркер Пози, Милош Биковиќ, Лесли Биб и Џејсон Ајзакс, во третата сезона на тимот ќе му се приклучи и Патрик Шварценегер. Чест ни е што имаме одличен тим за следната сезона и едвај чекаме да започнете со снимање во февруари во Тајланд“, објавија од продукција на ХБО, пренесува „Си-ен-ен“.

 

Милош Биковиќ изјави дека е горд што ќе глуми со вакви ѕвезди.

– Го поминав кастингот и многу сум горд што ќе бидам дел од таква екипа. Самата процедура за избор на актери е стандардна и кај нас, и во Русија, па и на Запад. Убавината на филмската уметност е што во основа е иста во Белград и Москва и во Холивуд. Потпишав жесток договор, којшто прилично ме ограничува да зборувам за деталите од проектот. Сигурно е дека снимањето ќе трае подолго отколку што беше случај во претходните сезони, ќе биде потемелно, па верувам и дека третата сезона ќе биде токму она што се очекува, подобра од првите две – изјави српскиот актер откако беше објавено дека ќе глуми во популарната серија.

Да потсетиме, Биковиќ стана предмет на интерес на светските медиуми откако беше објавено дека ќе биде дел од култната серија, а наскоро власта на Володимир Зеленски го нападна српскиот актер. Украинското Министерство за надворешни работи минатата недела го нарече Биковиќ „актер на Путин“ и го обвини за „поддршка на геноцид и кршење на меѓународното право“.

Преку социјалната мрежа Икс од украинското министерство ги прашале челниците на компанијата ХБО: „Дали е во ред да се работи со личност која поддржува геноцид и го крши меѓународното право“. Американската телевизиска мрежа не одговори на лагите и навредите упатени кон Биковиќ.

- Advertisement -
Ad image

А, кој е Патрик Шварценегер? Патрик е најстариот син на Арнолд Шварценегер, а во светот на шоубизнисот најпрво влезе преку манекенството, а потоа се префрли на актерството, а глумеше во филмовите „Полноќно сонце“, „Пораснати“, „Скалила“, Фалконмен“ и многу други. („Midnight Sun“, „Grown Ups“, „The Staircase“, „Falconman“.

 

- Advertisement -
Ad image

Се верува дека неговата улога во серијата „Белиот лотос“ ќе го лансира до самиот врв на светскиот шоубизнис и ќе го одвои од титулата „син на Арнолд Шварценегер“.

 

Share This Article