More

    На актерот му се заканува затворска казна до 18 месеци

    spot_img

    Откако поротата во Ново Мексико повторно го обвини холивудскиот актер Алек Болдвин (65) за убиство од небрежност, одреден е датумот на судење.

    Судењето на актерот е закажано за утре, 1 февруари, кога ќе се соочи со обвинение за убиство од небрежност, откако ја застрала снимателката Халина Хачинс на филмски сет на „Рѓа“. Тоа ќе биде првпат да биде изведен пред окружниот суд во Ново Мексико, но нема да се појави во живо, туку виртуелно, пишува „Дејли мејл“.

    Актерот е именуван во случајот како Александар Реј Болдвин и обвинет за убиство од небрежност, откако поротата гласаше за негово обвинение на 19 јануари.

    Болдвин ја уби кинематограферката Халина Хачинс на сетот на „Рѓа“ (Rust) во октомври 2021 година, кога пиштолот користен на сетот бил наполнет со вистински куршуми.

    Алек Болдвин и претходно беше обвинет за смртта на камерманката, но обвиненијата беа отфрлени минатиот април, само две недели пред почетокот на судењето, пишува Би-би-си. Локалните обвинители наведуваат дека нашле дополнителни факти кои бараат ново судење.

    Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 18 месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img