Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром – нагласи градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски при посетата на основното училиште „Блаже Конески“ во чии рамки беше промовирана нова опрема со која се овозможува технички унапреден и дигитализиран образовен процес во основното училиште „Блаже Конески“
Станува збор за набавка на опрема која вклучува 4 нови смарт-табли со проектори, 15 преносни компјутери и 1 повеќенаменски фотокопир, овозможена од општественоодговорна компанија.