Четири деца починаа од голема кашлица во Институтот за мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ“ во Белград, изјави за РТС проф. д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и раководител на клиниката за детски болести на Институтот. Животот на едно дете е во опасност и е на респиратор.
Проф. Д-р Вукомановиќ истакна дека доенчињата на возраст од два, три или четири месеци може да развијат многу тешка клиничка слика на голема кашлица, која завршила со смрт кај четири деца на Институтот.
„Едно дете е на респиратор, што значи дека неговиот живот е многу загрозен“, вели професорот.
Тој вели дека 70 деца се позитивни на пертусис, односно голема кашлица, а околу половина од нив се хоспитализирани.
„Ова укажува на експоненцијално зголемување на децата кои покажуваат тешка клиничка слика“, вели проф. д-р Вукомановиќ.