Британскиот „Сан“ открива дека старлетата Кејти Прајс (45) повеќе не е сопственичка на кучето Тенк, откако го вдоми минатата година. Германскиот овчар беше нејзиното седмо милениче, кое живееше со неа во Вест Сасекс.
„Кејти го доби Дјук пред само неколку месеци, но му го даде на својот електричар. Таа сака да има кученца кои изгледаат слатко на Инстаграм, но кога ќе почнат да растат и таа мора да ги тренира, губи интерес“, рекол извор близок до старлетата. Нејзиниот претставник за медиумите не ги коментираше ваквите тврдења.
Во септември 2021 година, таа му подари куче по име Прешс (кое инаку беше куче на нејзината ќерка Принцес) на член на актерската екипа на нејзината ТВ-серија „Mucky Mansion“. Минатото лето беше видена како го гали своето ново куче Тенк, кое сега ја доживеа судбината на претходните миленици.
„Со текот на времето, Тенк може да прерасне во нејзиното ново куче заштитник и да ја пополни празнината која ја остави Блејд. Кејти отсекогаш живеела според сопствените правила и цврсто е убедена дека ќе докаже дека нејзините критичари грешат и ќе му пружи дом полн со љубов на Тенк“, изјави извор минатото лето.
Во тоа време, официјалната петиција да ѝ се забрани да чува миленичиња имаше 35.712 потписи. Петицијата беше покрената во август минатата година, кога ПЕТА остро ја осуди Кејти по трагедијата во која нејзиното куче Блејд почина од последици од удар со автомобил.
Тоа се случи само седум месеци откако уште едно од кучињата на Кејти, Шерон, беше прегазено на истата улица.
Една година претходно, доставувач го удри нејзиното куче Квини, кое нејзиниот поранешен партнер Киран Хејлер ѝ го подари за нејзиниот 38-ми роденден. Во 2020 година, друго куче, Спаркл, беше удрено од автомобил откако истрчало на улица. Неколку месеци подоцна францускиот булдог Роло се задушил откако останал згмечен под столче.
Кејти исто така морала да го даде на вдомување кучето по име Бер, кое напаѓало други животни.