More

    Дејвид Бекам плива со ајкули

    spot_img

    Дејвид Бекам оваа недела се дружеше со синот Круз во необично опкружување – таткото и синот одлучиле да го поминат денот веслајќи со ајкули.

    Откако бракот на најстариот син Бруклин со Никола Пелц минатата недела го окупираше вниманието на семејството Бекам, Дејвид одлучи да помине време со Круз.

    На фотографиите кои Круз ги сподели на својот инстаграм-профил, тие изгледаа расположени додека околу нив пливаат ајкули.

    Поранешниот фудбалер по тој повод ја откри својата импресивна колекција тетоважи, но и извајани мускули.

     

    Додека носеше црвен костим за капење, се пошегува: „Мислам дека носев шорцеви со погрешна боја“.

    Снимката од оваа средба со ајкулите Круз ја сподели на Инстаграм, а со фотографија од кисела насмевка на Дејвид рече: „Нервозно смеење“.


    Таткото и синот поминале извесно време заедно на сонце, пред да го прослават роденденот на Викторија Бекам.

    Поранешната пејачка на групата „Спајс грлс“ во неделата била преплавена со убави пораки и желби по повод нејзиниот 48 роденден.

    Покрај бројните честитки, посебно внимание привлече нејзината фотографија од детството од прославата на нејзиниот деветти роденден.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img