Откриена е лабораторија среде Софија

Lorita
By Lorita Add a Comment 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), преземаа синхронизирани дејствија и активности, при што на v;era во Софија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани, информираше македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) преку соопштение.

„Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено, на територијата на Република Северна Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба“, се вели во соопштението.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply